Харадинај: Дијалог со Србија само после признавање на Косово
Кандидатот за премиер на Косово Рамуш Харадинај изјави дека досегашната рамка за разговорите меѓу Косово и Србија била погрешна, и единствен предуслов за продолжување на дијалогот е признавање на Ксоово.
Според него, грешката е што институциите на Косово прифатиле во разговорите со Белград да се разговара за внатрешните прашања на Косово.
– Дијалогот со Србија е поставен на погрешни рамки бидејќи се разговара за внатрешни прашања на Косово. Јас сум заинтересиран за дијалог, но со меѓусебно признавање. Не прифаќаме да разговараме за внатрешните прашања на Косово, изјави Харадинај за албанската телевизија Топ чанел.
Харадинај беше кандидат за премиер на ДПК, Алијансата за иднина на Косово и Иницијативата за Косово, кои освоија најмногу гласови иако немаат потребно мнозинство за самостојно формирање влада.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија
-
Елегантни моторџии низ скопските улици во обид да ја подигнат свеста за машкото здравје
-
Лазарини: Од Рафа побегнаа 800.000 луѓе, нема безбедно место во Газа
-
Пронајдени телата на четворица мигранти, спасени 52 лица во близина на брегот на Тунис
-
Северозападна Индија ја зафати топлотен бран, температурата во Њу Делхи достигна 47,1 степен
-
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Состојба на патиштатa