Свет
9. јуни 2017 - 20:58

Хаос во Турција - Две лица загинаа, четворица се повредени

Две лица загинаа, а четворица се повредени при престрелка и напад со автомобил-бомба во турскиот округ Батман.

Двајца курдски борци отвориле оган врз возило на локален градоначалник, а потоа ја активирале автомобил-бомбата во близина на седиште на жандармеријата. 

Гувернерот на Батман изјавил дека напаѓачите не успеале да го погодат автомобилот на градоначалникот на Козлук, туку сосема друго возило, при што е убиен еден учител, а друг патник бил полесно повреден.

Потоа напаѓачите го активирале експлозивот во украдениот автомобил на контролен пункт во близина на жандармериската база во градот Бакирхан. Во нападот повредени се двајца војници и еден цивил, а еден од напаѓачите е убиен.

Засега никој нема преземено одговорност за нападот.