Хаос во Тетово - Фрлени молотови коктели, јајца и камења на општински објект
Група од 200 до 300 лица, претежно малолетници, по вчерашниот протест во Тетово, организиран од Здружението на граѓани „Еко герила“ под мотото „За почист воздух“, се собрале пред објектот на тетовската локална самоуправа и извикувајќи разни пароли, почнале да фрлаат јајца и помали камења, а во два наврата и запалени молотови коктели.
МВР информира дека молотовите коктели паднале на асфалтната површина пред општинскиот објект и оти нема повредени лица и не е предизвикана материјална штета. По половина час групата се разотишла.
По кратко време, во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, бил извршен разговор со 13-годишен малолетник поради постоење основи на сомнение дека учествувал во фрлањето на молотовите коктели и по разговорот бил пушен.
Синоќа околу 19,00 часот бил приведен М.Е.(33) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека протестирајќи пред општинскиот објект во Тетово спречувал полициски службеник во вршење на службено дејствие, односно се обидел да му ја одземе камерата и му ја оштетил, а потоа го навредувал и му се заканувал. Со него е извршен разговор и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, соопшти МВР.
Ново на Сител
-
Економистот со амбиција да биде лидер на СДСМ | Јован Деспотовски | Неформално | Sitel Podcast 049
-
Викдендов сончево и топло, од вторник повторна дестабилизација на времето
-
Прилепчанец три години ги силувал своите две малолетни ќерки
-
Штипјанец ја претепал својата мајка, па и се заканил, а потоа искршил дел од покуќнината
-
Скопјанец претепан од обезбедувањето на казиното во кое се наоѓал
-
Избувна пожар во куќа во Арачиново
-
Поскапува мазутот
-
Визер: Одложувањата и откажувањата на летовите низ европската авио индустрија последица на временските услови