Балкан
8. October 2015 - 13:42

Хаос во Парламентот, опозициски пратеник фрли солзавец

Пратеникот на косовското националиситчко движење Самоопределување, Албин Курти денеска фрли солзавец во салата на Парламентот на Косово, по продолжување на седница која претпладнето беше прекината поради блокада од страна на опозицијата.

Курти го фрли солзавецот откако пратениците се вратија во собраниските клупи и петседателот на Парламентот, Кадри Весели ја продолжи седницата.

Пратеничка од Демократската партија на Косово се онесвести по што е префрлена во Клиничкиот центар во Приштина. На седницата присуствуаа и претставници на меѓународната заедница, меѓу кои и претставникот на Канцеларијата на ЕУ на Косово, Самјуел Жбогар.

Пред фрлањето на солзавецот имаше турканица меѓу пратениците од опзоцијата и владејачката коалиција и во еден момент пратеничката на Самоопределување Аљбуљена Хајена, фрли чаша полна со вода врз потпретседателот на Парламентот Џавид Хаљитиу.