Живот
8. March 2016 - 16:18

Хаос на автопатот: Гола жена се качи на шлепер и танцуваше

Жена го стопираше сообраќајот на автопатот во Хјустон зошто танцуваше врз кабината од камион, гола.

Неидентификуваната жена се качи на кабината од шлеперот откако направи судар со друго возило на Автопатот 290.

Полицијата беше повикана на самото место веднаш по сударот.

Кога полицајците пристигнаа на местото видоа дека жената се соблекува гола и се качува на врвот од големиот камион.

Таа е однесена во притвор откако спасувачите успеаја да ја симнат долу и да и стават лисици на рацете.

Снимките од воздух покажуваат дека таа седела, танцувала и стоела на кабината од шлеперот.

Пожарникарите се обидуваа да ја вразумат жената.

Засеега не е познато зошто таа го возела шлеперот и зошто излегла на автопатот.

Властите соопштија дека таа не е повредена и дека е во притвор.

Нејзиното однесување нема никаква смисла, соопштија тие.