Хан-Заев: Македонија ја заслужи безусловната препорака
Земјата и граѓаните ја заслужија безусловната препорака. Членките на ЕУ го признаа сработеното. Овде сум за да ги најавам долгоочекуваните добри вести, да го прославиме успехот по долгите напори за надминување на кризата, истакна еврокомесарот Јоханес Хан на предавањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија на премиерот Зоран Заев.
- Земјата помина долг пат и покрај многуте искушенија и сега е цврсто назад на европскиот пат. Има позитивна промена, обновено чувство на отвореност, енергија и надеж. Се чувствуваат добрите вибрации во земјата и тоа треба се надградува, вели Хан.
Истакна дека Македонија е пример за демократска промена во регионот и оти е импресиониран од направеното во однос на итните реформски приоритети.
- Искрено ви честитам Вам, на Владата, Парламентот и на опозицијата за поддршката на оваа национална цел, рече Хан на заедничката прес-конференција со Заев.
Порача дека реформите не треба да застанат тука туку да продолжат, особено во судството.
Премиерот Заев рече дека добиената чиста препорака е силен мотив за достигнување на тешката, но достижна цел - почнување на преговорите за членство во ЕУ.
- Уште поенергично ќе работиме во јуни да добиеме датум за преговори. Продолжување со суштинските реформи, и по Планот 3-6-9 ќе утврдиме нов план на реформи, истакна Заев.
Тој се заблагодари на земјите од ЕУ кои ја поддржаа Македонија, како и на македонските граѓани, на НВО секторот и на сите други чинители за заедничките напори.
- ЕК го вреднува сработеното. Во изминатите два извештаја поради политичката криза и заробената држава, препораката беше сиспендирана и условена со демократски реформи и амиент. Годинава препораката е чиста и безусловна. Македонија го задовлува основниот демократски критериум за почеток на преговорите, рече Заев.
Нагласи дека интеграцијата во ЕУ ќе занчи подобра бизнис клима, повисоки плати, подобар живот.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче