Хан во Скопје на средби со политичките лидери
Еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан изутринава имаше средба со премиерот Емил Димитриев, пред учеството на денешниот Министерски состанок за Западен Балкан, што се одржува во Скопје, а чиј домаќин е македонското Министерство за надворешни работи.
Во македонската Влада евромесарот Хан претпладнево присуствуваше на состанокот на министрите за енергетика од Западен Балкан, по што ќе учествува на Министерскиот состанок во МНР.
На маргините на Министерскиот состанок за Западен Балкан, Хан ќе се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание.
Тој треба да има одвоени средби со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на Беса Билал Касами и со Зијадин Села од Алијансата за Албанците.
На средбите се очекува да стане збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за разговорите за формирање влада по предвремените парламентарни избори од 11 декември.

Ново на Сител
-
Kуче врзано влечено со автомобил па фрлено во речно корито во Крива Паланка, го спасиле пожарникари | ФОТО
-
Уште еден случај на затруено дете во Куманово
-
Евакуирани 150 лица од лондонска болница поради хемиски инцидент
-
Унгарија бесна на Украина поради нападот врз рускиот гасовод
-
Групна тепачка во угостителски објект во Куманово, приведени пет лица
-
„Ватсап“ вели дека Русија се обидува да ја блокира апликацијата
-
Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш
-
Идната недела упис на Скопскиот универзитет, за бруцоши слободни над 9700 места