Хан: Важно е дека условите на веродостојни избори се целосно исполнети
Комесарот за преговори за проширување на Европската унија, Јоханес Хан, пред утрешната посета на Република Македонија, каде е предвидено да се сретне со премиерот Емил Димитриев, со лидерите на четирите најголеми политички партии, како и со специјалната обвинителка и со претставници на граѓанското општество, денеска испрати порака дека е „важно што условите за одржување на веродостојни избори се исполнети“ во земјата.
Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, во соопштение на Европската комисија, се наведува дека главната цел на посетата на Хан е „да се направи преглед на политичките случувања и да се дискутира за патот напред, особено во однос на организирање на предвремените парламентарни избори во декември, како и спроведувањето на Итните реформски приоритети“.
Во неговата изјава пред посетата, Хан вели дека со нетрпение ја очекува посетата на Скопје.
- Договорот постигнат минатото лето од страна на сите главни политички партии и поставување на датумот на изборите за овој декември е добар чекор. Сепак, ова е само почеток. Важно е дека условите на веродостојни избори се целосно исполнети и дека граѓаните можат слободно да учествуваат на истите, вели комесарот Хан.
Според првиот човек за проширување на Унијата, тој во Македонија ќе се сретне со сите главни политички соговорници, вклучувајќи ја и специјалната обвинителка и претставници на граѓанското општество. Тој вели дека на разговорите, исто така, ќе инсистира како да се забрза имплементацијата на Итните реформски приоритети во законот.
- Сето ова е клучно за земјата да направи одржлив напредок на својот пат кон Европската унија. А, исто така, со нетрпение очекуваме да слушнеме од специјалниот обвинител за тоа како нејзината работа напредува и за предизвиците со кои таа се соочува, посочува Хан.
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај