-->
-->
Хан в понеделник во посета на Србија
-->
Еврокомесарот за европска соседска политика и преговори за проширување, Јоханес Хан в понеделник ќе ја посети Србија. Во Белград е предвидено да се сретне со државниот врв на таа балканска држава и да присуствува на потпишување договор за финансиска поддршка за реформи во српската јавна управа.
Станува збор за прв договор вреден 80 милиони евра за финансирање реформи во јавната управа на Србија со секторска буџетска поддршка во согласност со правилата на новиот инструмент за претпристапна помош ИПА 2.
Хан ќе се сретне со српскиот премиер Александар Вучиќ, со министерот за надворешни работи, Ивица Дачиќ, како и со студенти и претставници на академската заедница.
Еврокомесарот Хан изјави дека „Србија припаѓа на европското семејство и прави извонреден напредок кон својата стратешка цел за членство во ЕУ“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД
-
Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС
-
ЦУК: Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат