Хан: Регионалната економска зона не е алтернатива на членството во ЕУ
Создавањето регионална економска зона која ќе го поттикне економскиот раст и ќе создаде нови работни места, е клучен приоритет за земјите од регионот, истакна еврокомесарот за соседска политика и проширување на ЕУ Јоханес Хан на неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан што се одржува денеска во Драч.
Хан нагласи дека регионалната економска интеграција не е и не треба да се гледа како алтернатива за членството на земјите од Западен Балкан во Европската унија, туку како корисно дополнување во интерес на сите.
Европската комисија во пресрет на премирската средба во Драч соопшти дека очекува од западнобалканската шесторка да работи на имплементација на обврските преземени за време на Самитот на ЕУ - Западен Балкан што се одржа во јули во Трст, а особено на Акцискиот план за продлабочување на регионалната економска интеграција. Регионалната економска зона договорена во Самитот во Трст, според ЕК, ќе обезбеди нови можности за бизнисот и граѓаните и ќе го зајакне економскиот раст, а ќе продуцира и нови работни места.
Ново на Сител
-
Франција издаде нов налог за апсење на Башар Асад поради извршени воени злосторства
-
Поради дефект без вода корисниците од плоштадот Македонија до Македонска пошта и ул. Орце Николов
-
Намалена видливост поради магла на планинските премини Ѓавато и Пресека
-
Променливо облачно со сончеви периоди, по котлините магла
-
Новиот државен секретар Рубио потврди дека САД ќе работат на ставање крај на војната во Украина
-
Раст на фјучерсите на американските берзи по новите укази на Трамп
-
Ѓоковиќ ќе го предадеше мечот со Алкараз доколку го загубеше вториот сет
-
Мицкоски во Вашингтон присуствувал на на свеченоста „Гласови на слободата“ и остварил бројни средби