Хан и Лајчак: ЕУ останува посветена на проширувањето
Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан и шефот на дипломатијата на Словачка Мирослав Лајчак порачаа дека Европската унија останува посветена на проширувањето, без оглед на одлуката на Велика Британија да излезе од Унијата.
Шефот на диломатијата на Словачка, која претседава со ЕУ, изјави дека Велика Британија излегува од Унијата, но дека поддршката за проширување и натаму постои и оти не е случајност што тоа е прироритет на словачкото претседателство.
- Постои добра причина за тоа, а тоа е дека процесот на проширување се покажа како најдобар пат за позитивни реформи на општествата на нашите соседи, нагласи Лајчак.
Тој додаде дека Словачка затоа сака земјите, кои се дел од процесот на преговарање „да почуствуваат дека тој процес се поместува“.
- Со отворањето поглавја со Србија ги применуваме нашите приоритети на претседавање и испраќаме добар сигнал до другите земји, рече Лајчак.
Хан потсети дека на самитот на земјите од Западен Балкан и ЕУ во Париз е покажана посветеност на процесот на проширување на Западен Балкан, како стратешка цел на ЕУ, која треба да го заокружи развојот на Унијата.
Ново на Сител
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по осми пат ќе биде домаќин на Фестивалот ‘Златни денови’
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева