Балкан
14. November 2016 - 10:02

Хан го поздрави договорот за телекомуникации меѓу Белград и Приштина

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан го поздрави договорот меѓу Белград и Приштина за телекомуникации, изразувајќи надеж дека со тоа ќе се забрзаат и договорите за формирање Заедница на српски општини.

- Го поздравувам денеска постигнатиот договор меѓу двете страни за телекомуникациите. Се надевам дека овој напредок ќе ги забрза договорите за формирање Заедница на српски општини и за енергетиката, напиша Хан на Твитер.