„Хамлет-стапица“ во изведба на гости од Казахстан вечерва на „Битола Шекспир фестивал“
Во рамки на 5. Интернационален „Битола Шекспир Фестивал“ вечерва на сцената на Битоскиот народен театар Казак Драмскиот театар од Караганда, Казахстан, ќе ја одиграат претставата „Хамлет-стапица“.
Според уметничкиот директор на театарот Дунај Еспаев ова е нивно прво гостување во Македонија, а публиката ќе има можност да види претстава која е нова на нивниот репертоар. Работена е по оригиналниот текст на Шекспир, со сценска адаптација на режисерот.
- Во оригинал текстот има 500 страници, а ние го сведовме само на 19 и се обидовме во 59 -те минути, колку што трае, да внесеме се што е важно во претставата. Клучното прашање кое таа го адресира до публиката е зошто човекот денес се отуѓува во општеството. Дали е тоа поради борбата за власт, за љубов, за моќ или воопшто дали да постои човештвото или не, едноставно борба за опстанок. „Да се биде или не“ е еден збор, а ние сакавме да го прошириме неговото значење, вели Eспаев.
Во претставата, која го нуди гледиштето на режисерот, додава тој, Хамлет стои пред публика и чита Куран, а крајот му е оставено на гледачот и неговата имагинација самиот да го одбере.
Сансесбај Бекболатов, генерален директор на Театарот од Караганда, посочува дека досега имаат поставено повеќе дела од Шекспир на нивниот репертоар, бидејќи неговите драми се сметаат за составен дел од класичниот „железен“ репертоар.
- До 1991 година доминантна беше школата на Станиславски. По распаѓањето на СССР работиме со странство и сега се присутни најразлични влијанија, вели Бекболатов.
Инаку, со претставата „Хамлет-стапица“ тие веќе имаат гостувано во Турција на меѓународниот фестивал во Конја и во Русија.
Уметничкиот директор на Битола Шекспир Фестивал Благоја Мицевски истакна дека фестивалот кој беше отворен на 21 јуни, веќе влезе во втората половина од програмата.
- Шест настани се зад нас. Вечерва продолжуваме со претставата од Казахстан, која е егзотично гостување од една различна култура, цивилизација и театарска естетика. Ја очекуваме нивната изведба на Хамлет-стапица. Практично сега сме во централниот блок каде што имаме најмногу странски гостувања, рече Мицевски.
Утре на фестивалската програма се две претстави - „Сонот на летната ноќ“, куклена претстава од театар од Букурешт, Романија, кои се првпат на фестивалот и постојаните гости и поддржувачи на фестивалот компанијата „Лит Мун“ со изведба на „Ричард Трети“ во која настапуваат четири актерки. Во четврток ќе биде изведена монодрамата „Магбет“ од актерот од Словачка Петер Чизмар.
За крајот на фестивалот се предвидени две домашни изведби „Дванаесеттата ноќ“ во изведба на Струмичкиот театар и „Сонот на летната ноќ“ на театар Комедија од Скопје со што ќе биде спуштена завесата на ова јубилејно петто издание на Битола Шекспир Фестивал.
Битолскиот народен театар во меѓувреме интензивно работи и на подготовките на претставата „Сонот на летната ноќ“, која премиерно ќе биде изведена на фестивалот „Охридско лето“ во август.
Ново на Сител
-
Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија
-
Приведени рибокрадци во Охрид
-
ЈО: Скопјанец под дејство на дрога усмртил жена со возило и побегнал
-
Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари
-
Пораснаа доларот и биткоинот
-
Изгаснат пожарот во Безистенот во Струга, зафатена кровната конструкција
-
Касами: Не гледам потреба од вонредни парламентарни избори
-
Уапсено уште едно лице поради нередите на протестот во Нови Сад