Ф1
21. March 2020 - 18:14

Хамилтон: Не сум заразен, тестовите за Коронавирусот ќе ги донирам

Откако почетокот на новата сезона во Формула 1 беше одложена, на што претходеше информацијата од тимот на Мекларен дека имаа заболен член, се огласи светскиот првак Луис Хамилтон. 

Британецот потврди дека е во самоизолација, но дека е добро и дека нема никакви симптоми на вирусот. 

„Разговарав со доктор и прашав дали треба да се тестирам. Тој ми одговори дека нема потреба. Затоа тестовите кои ги имам сега ќе ги донирам некому на кого навистина му се потребни, затоа што знам дека е ограничен бројот на тестови во Велика Британија. Се надевам дека на тој начин ќе помогнам“, напиша Хамилтон на својот Инстаграм профил. 

Што се однесува до Ф1 шампионатот, засега пет трки се откажани, па неизвесноста е дополнително поголема кога ќе започне новата сезона во која Хамилтон ќе ја брани шампионската титула.