-->
-->
Хамбургер славеше победа над Борусија Дортмунд
-->
Во првиот натпревар од 13.коло на фудбалското првенство на Германија, одигран синоќа во Хамбург, домашната екипата Хамбургер славеше победа над второ пласираниот тим на табелата Борусија Дортмунд со 3:1.
Уште во 19-минута Пиер Михел Ласога со голот од пенал најави дека домашниот тим ќе атакува на трите бодови. До крајот на полувремето Левис Холтби (41-минута) веќе им донесе два гола предност на фудбалерите на Хамбургер. Со авто-голот на Матс Хумелс во 55-минута, веќе беше јасно дека Хамбургер ќе се радува на победата, па до крајот на мечот гостите преку Пиер-Емерик Аубемејанг само успеаја да го ублажат поразот на 3:1.
Од денешните дуели, го издвојуваме оној во Гелзенкирхен каде Шалке го пречекува шампионот Баерн Минхен.
Бундес лига – 13.коло
Сабота
15:30 Борусија Менхенгладбах – Хановер
15:30 Ајнтрахт - Баер Леверкузен
15:30 Келн – Мајнц
15:30 Штутгарт – Аугсбург
15:30 Волфсбург – Вердер
18:30 Шалке 04 - Баерн Минхен
Недела
15:30 Херта – Хофенхајм
17:30 Инголштат– Дармштат
Табела:
1. Баерн Минхен 34 бодови
2. Борусија Дортмунд 29
3. Волфсбург 21
4. Херта 20
5. Шалке 20
6. Борусија Менхенгладбах 19
7. Келн 18
8. Хамбургер 18
9. Баер Леверкузен 17.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати
-
Трамп: Три нуклеарни локалитети во Иран се уништени, ќе уништиме и нови ако ги изградат
-
Министерот Алиу најави реформа на Мој Термин
-
Шест лица и едно дете пренесени на Клиниката за токсикологија по пожар во стан во Скопје
-
АНБ: Одземени огнено оружје и мобилни уреди при претреси на две локации во Скопје
-
Приведен 36-годишник од Дебар, упатувал закани со нож
-
Полициски службеник физички нападнат од едно лице на Средно Водно