Свет
10. October 2023 - 16:06

Хамас им порача на жителите на Ашкелон: Напуштете го до 17 часот!

Палестинската организација Хамас ги предупреди жителите на големиот израелски град Ашкелон да го напуштат пред 17 часот.

„Како одговор на злосторствата на непријателот за раселување на нашиот народ и принудување да ги напуштат своите домови во неколку области на Појасот Газа, им даваме рок на жителите на окупираниот град Ашкелон да заминат пред 17 часот вечерва“, порачаа од бригадата на Хамас, Ал Касам.

Тие ова предупредување го објавија на социјалните мрежи. Ашкелон е град на југот на Израел, северно од Појасот Газа.