Хакери објавија податоци за албанскиот премиер Еди Рама
Иранските хакери кои 14 месеци влегуваа во албанските владини системи, продолжуваат да објавуваат чувствителни податоци, а овој пат нивна мета стана премиерот Еди Рама, јави АБЦњуз.
На мрежата Телеграм хакерите јавно ги објавија сите лични податоци на шефот на албанската Влада. Меѓу нив има лични карти, пасоши, адреса на живеење и други податоци. Јавно се објавени и сите влезови и излези на премиерот од и во Албанија од 2005 до мај годинава.
Според истиот извор овој документ ги содржи податоците за 394 патувања на премиерот, од кои повеќето биле со авион, но во некои случаи тој заминал со автомобил од Албанија преку граничните премини со Грција или Северна Македонија.
Она што е забележливо е дека многу често патувал со скапи чартер летови, а најчеста дестинација на премиерот Рама е Турција.
Од податоците на системот TIMS што го објави иранската хакерска мрежа „татковинска правда” се наведува дека Рама годинава од 15 летови надвор од Албанија дури 13 се со чартер.
Хакерите податоците ги објавија во момент кога во Тирана беше претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
На нивната веб-страница групата деновиве објави податоци за директорот на албанската тајна служба, ШИШ, Хелидон Бендо.
Ново на Сител
-
САД ќе продолжат да се ангажираат за прашања од заеднички интерес
-
Може ли за неколку месеци да се стане АИ експерт? | Growth Labs Academy | Sitel Podcast 050
-
Полицијата презема мерки за пронаоѓање шест лица - работници од Непал
-
Избувна пожар во светиниколско: Изгоре штала, две грла добиток, млин, сточна храна
-
Во Струмица oбид за киднапирање на тригодишно дете, полицијата испитува дали се работи за кривично дело
-
Мицкоски за можна средба со Мицотакис во Вашингтон: Се надевам дека ќе го задржиме достоинството и дека ќе разговараме како партнери и добри соседи
-
Путин очекува Орбан да зборува од името на Европа за Украина
-
НАТО на самитот во Вашингтон ќе бара стандардизација на артилериската муниција