Фудбал
5. October 2017 - 8:50

Хајнкес пак на клупата на Баерн

Јуп Хајнкес ќе се врати на клупата на Баерн Минхен до крајот на оваа сезона пренесува германски Билд.
Тој од Баерн „се прости“ во 2013 година кога ја освои Лигата на шампионите, Бундес лигата и германскиот куп.
На негово место дојде Пеп Гвардиола, а сега Хајнкес го менува Карло Анчелоти, кој пак беше замена за Гвардиола.
Ова четврти пат Хајнкес да седне на клупата на Баерн. Првпат ги предводеше „баварците“ од 1987 до 1991 година, потоа кус период во 2009 и третиот пат од 2011 до 2013 година.
Тој доби предност пред младите германски тренери како Томас Тухел и Јулијан Нагелсман, кои беа споменувани како наследници на Анчелоти.