Хаѕидакис: Нова демократија нема да го промени ставот за Договорот од Преспа
Остануваме на нашата позиција, кристално јасна е изјавата на Киријакос Мицотакис за ова прашање и нема да го промениме нашиот став, вели потпретседателот на грчката опозициска партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото „Практорио фм“.
- Чекаме да видиме по референдумот и резултатот од него, што ќе прави владата. Господинот Ципрас и господинот Коѕијас велат дека имаат мнозинство во парламентот, така да, штом имаат нека го донесат да го поддржат овој договор. Ние, она што го гледаме секој ден е дека другата страна тврди дека се Македонци, дека говорат чисто македонски јазик и мислам дека со ова се потврдува дека беа во право сите оние кои го критикуваа овој договор што е на товар на едната страна, вели Хаѕидакис, јави дописничката на МИА
Ново на Сител
-
Мицотакис му одговори на Мицкоски: Патот кон ЕУ ќе биде затворен без почитување на Преспанскиот договор
-
Вархеи: Западен Балкан да биде подготвен за влез во ЕУ до 2027 година
-
Таравари: Владата ќе биде договорена до петок
-
Османи во Стразбур лобира за прием на Косово во Советот на Европа
-
Синдикатот на болницата во Лешок се противи на обидот министерството да ги спои со клиниката во Тетово
-
ДСЗИ повторно ќе оди во вонредна контрола на Токсикологија
-
Азески: Господ на помош на тој што ќе донесе милијарда евра
-
Преглед на вестите од светот