Гвинет Полтроу: Бред му се закани на Вајнстин дека ќе го убие ако уште еднаш сексуално ме вознемири
Актерката Гвинет Полтроу при гостување во Шоуто на Хаурад Штерн, изнесе детали за инцидент од 1995 година меѓу нејзиното тогашно момче Бред Пит и холивудскиот продуцент Харви Вајнстин, кого повеќе жени го обвинија за секуслано малтретирање.
Како што наведува „Дејли Мејл“, Полтроу тврди дека инцидиентот се случил набрзо откако Пит дознал дека Вајнстин сексуално ја вознемирувал.
- Бевме на премиера на „Хамлет“ на Бродвеј, кога Бред го здогледа Вајнстин. Го турна до ѕидот и му рече: „Ако некогаш повторно се почувствува непријатно поради тебе, ќе те убијам, изјави Полтроу.
За сексуалното вознемирување од страна на Вајнстин, Полтроу првпат проговори минатата година во изјава за „Њујорк Тајмс“, со што беше една од првите глумици кои јавно ги изнесоа своите непријатни искуства со продуцентот.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости