Гвардиола: Можеше да биде подобро но и полошо!
Манчестер Сити и Монако, во вторникот, го одиграа еден од најдобрите натпревари во Лигата на шампионите, Сити победи 5:3, а по мечот менаџерот Пеп Гвардиола истакнал дека е задоволен од резултатот.
Манчестер Сити со голем пресврт успеа да стекне преднос пред реваншот во Монако, откако противникот два пати водеше (1:2, 2:3).
„Размислувавме само како да напаѓаме и напаѓавме, напаѓавме…Монако оваа сезона има постигнато 80 голови, тие напаѓаат со многу играчи. Физички се силни, тие се навистина врвна екипа. Поради тоа се лидери во првенството. Ние сме задоволни од резултатот. Можеше да биде и подобро, но и полошо за нас“, рекол Гвардиола.
Сити водеше со голот на Стерлинг, потоа Фалкако и Мбапе направија пресврт до крајот на првото полувреме. Фалкао на почетокот на вториот дел промаши пенал, а Агуеро по картастрофалната грешка на Субашиќ израмни. Потоа Фалкао постигна брилијантен гол за ново водство на Монако, а во последните 20 минути Агуеро, Стонс и Сане му донесоа предност на Сити од два гола пред реваншот во малото кнежевство.
„Имавме среќа. Менатлно бевме многу стабилни. Ова искуство ќе ни биде од голема помош во иднина. Монако има подолга историја во Лигата на шампионите, а во едно вакво натпреварување искуството е неопходно за да можеш да напредуваш. Секако ништо не е решено, во Монако може се да се случи“, дополнил Гвардиола.
Ново на Сител
-
Забраната за пиротехника во затворени простори утре пред пратениците
-
ДУИ: Зошто владата ја крие вистината за врските на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
-
Кај шест пациенти во „Св. Наум Охридски“ е извршена трансплантација на кожа
-
СДСМ обвинува за нови сканадали во Министерството за дигитална трансформација
-
Македонија е атрактивна дестинација за нуркачите од светот
-
За прв пат од постоењето ќе се гради асфалтен пат до ски терените во Крушево
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Васко Наумовски