Фудбал
26. November 2023 - 8:51

Гвардиола имаше конфликт со Нуњез по дербито на колото во Премиер лигата

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола влезе во конфликт со напаѓачот на Ливерпул Дарвин Нуњез по вчерашниот дуел во 13. коло од Премиер лигата.

По последниот судиски свиреж, 24-годишниот Уругваец му пријде на противничкиот тренер, по што тие почнаа жестоко да се расправаат. Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп мораше да го одведе напаѓачот.

На прес-конференцијата по дербито Гвардиола беше прашан за инцидентот по натпреварот со Нуњез, но тој не одговори.

Средбата заврши нерешено 1:1.

Манчестер сити со 29 бода е втор во Премиер лигата по 13 натпревари. Ливерпул има 28 и е трет во поредокот.