Гвардиола: Игравме со Јунајтед, па зар очекувавте победа со 7:0
Тренерот на Манчестер сити, Јосеп Гвардиола по триумфот над Јунајтед со 3:1 во првиот полуфинален натпревар се осврна на дел од критиките дека неговиот тим требал да забележи поубедлива победа.
По првото полувреме 2граѓаните“ водеа со 3:0.
-Првите минути беа тензични, но потоа постигнавме извонреден гол и одигравме многу добро. Во второто полувреме играа поинаку, се боревме да ја задржиме топката. Ова не е крај, затоа што противникот е Јунајтед, тие знаат да постигнат голови, но се надевам дека можеме повторно да стигнеме до финалето и дека оваа разлика ќе ни биде доволна. Тешко е да се контролира Рашфорд, бидејќи тој е многу брз. Играме со Јунајтед, зар очекувате 7:0. Сè на сè, тоа беше неверојатен настап на „Олд Трафорд“, изјави Гвардиола.
Во второто полуфинале играат Лестер и Астон Вила.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари