Гутереш ги повика Русија и Украина под итно да го обноват договорот за житарките
– Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика Русија и Украина да го обноват договорот, според кој од Украина беа извезени над осум милиони тони жито и се намалија глобалните цени на храната.
Гутереш, исто така, ги повика другите земји, главно западните, да го забрзаат отстранувањето на пречките што го блокираат рускиот извоз на житарки и ѓубрива, пренесоа француските медиуми.
Портпаролот на генералниот секретар на ОН вчера кажа дека Гутереш ја истакнал итноста од обновување на договорот за „придонес кон безбедноста на храната низ целиот свет“.
Договорот меѓу Украина и Русија, главните добавувачи на жито во светот, беше склучен во јули со посредство на ОН и Турција и истекува на 19 ноември.
Рускиот амбасадор во ОН во средата изјави дека пред Москва евентуално да се согласи со обнова на договорот, на Русија треба да и се дозволи да ги извезува своите жито и ѓубрива на светскиот пазар, „што никогаш не се случило од почетокот на договорот“. Тој додаде дека Русија се соочува со голем број проблеми за да го реализира својот извоз.
Гутереш додаде дека обновувањето на украинскиот извоз на жито од три пристаништа во Црно Море „значително придонесе за намалување на цените на пченицата и другите стоки“.
Ново на Сител
-
Муцунски: Нема зборови за утеха за оваа трагедија, повеќе држави понудија помош
-
Полицаец на должност загина во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Уставен суд: Не постојат соодветни зборови кои ќе ја намалат тагата, во овие тешки и траорни моменти
-
Родители чии деца се наоѓаат во Штипската болница се пуштаат да ги видат повредените
-
Седумдневна жалост по повод трагедијата во Кочани
-
Вучиќ изрази сочуство до Силјановска - Давкова за трагедијата во Кочани: Ќе испратиме хеликоптери и медицински тимови
-
До моментов загинати 59 лица, распишана централна потерница за четири лица во врска со пожарот во дискотеката
-
Сведоштва на преживеани во трагедијата во Кочани