Gulf Oil: Неизедначувањето на акцизата на екстралесното со дизел горивото е штетна за граѓаните
Злоупотребата на екстралесното гориво станува сериозен проблем во нашата земја и време е да се направат потребните промени во акцизната регулатива за да се спречат штетните последици. Со неизедначување на акцизата на екстралесното со дизел горивото, 90 отсто од вкупниот увоз на екстралесно гориво завршува како погонско гориво, наместо за греење, со што нашите граѓани добиваат неквалитетно гориво што придонесува кон побрза амортизација на нивните возила, 100 пати поголемо загадување и зголемување на шверцот на гориво, соопшти компанијата Gulf Oil.
– Со оваа злоупотреба, не само што се оштетуваат граѓаните и животната околина, туку се оштетува и државниот буџет за огромни суми, кои наместо да се користат за справување со ковид-19 или да се инвестираат во унапредување на нашата земја, завршуваат нелегално во нечии џебови. Дополнително се оштетуваат и дистрибутерските компании кои наместо да го унапредуваат своето работење, се приморани да се справуваат со оваа ситуација на најразлични начини кои одземаат и време и ресурси за работа, а тука е секако и нелојалната конкуренција која се создава благодарение на фактичката состојба.
Изедначувањето на акцизата значи дека оние кои го правеа ова, нема да имаат никаква корист ниту мотивација да продолжат да користат Екстралесно како погонско гориво, а оваа промена дополнително ќе ја зголеми стабилноста на пазарот и ќе го регулира текот на нафтата и нафтените деривати, но придобивките ќе ги почувствуваат и останатите учесници на пазарот.
Апелираме до владата да преземе конкретни мерки и дејствија за да се регулира работењето и конечно да стави крај на неправдата која се прави врз граѓаните на нашата земја, соопшти компанијата.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација