Гугл и Фејсбук заедно ќе се борат против дезинформациите
Гугл и Фејсбук заеднички ќе се справуваат со лажните информации коишто се распространуваат преку социјалните мрежи, пишува порталот „Блумберг“.
Причина за тоа се се позачестените критики кон тие две компании, дека нудат основа за масовно ширење на дезинформациите. Како главен аргумент се посочува примерот со претседателските избори во САД, врз чиишто резултат, според многумина критичари, влијаеле социјалните мрежи.
Во што се состојат мерките? Aлфабет - компанија мајка на Гугл, вчера најави забрана за рекламирање на веб страниците кои служат за пропаганда и манипулации. Компанијата сепак нема да го преземе најригорозниот чекор - целосно прекратување и забрана на самите веб страници.
- Во иднина ќе ги ограничиме рекламите, коишто им ги предлагаме на страниците за кои сметаме дека пуштаат невистинити информации и нема јасен податок за тоа кој е нивни сопственик и автор, образложи Андреа Фавил, потпарол на Гугл.
Гугл и Фејсбук пак, од своја страна, велат дека ќе продолжат со сите расположливи средства да ги маргинализират несигурните страници.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци