Групна оставка на лекари од Ургентен оддел во клиника во Букурешт поради „несоодветна грижа и мобинг“ на директорот
Седумнаесет лекари од Ургентниот оддел во болница во Букурешт соопштија дека денеска ги напуштаат работните места поради „психолошки притисок“ и „несоодветно однесување“ на времениот директор Сорин Паун.
Лекарите изјавија дека биле третирани на „нецивилизиран и своеволен“ начин од времениот директор.
Паун беше назначен за менаџер на болницата Флорјаска во април кога по проверка министерот установил дека одделението за изгореници се уште не функционира со целиот капацитет и го разреши тогашниот директор.
Во таа клиника беа примени голем дел од настраданите во пожарот во букурешкиот ноќен клуб Колектив во крајот на октомври лани.
Портпарол на болницата изјави дека од 31 лекар, оставка поднеле 17 лекари кои биле вработени во Ургентното одделение.
Еден од лекарите нагласи дека менаџерот не сакал дури и да потпише барање за купување лекови и „од септември клиниката ќе остане сосема без лекарства“.
Ново на Сител
-
Приведен поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески
-
Делегација од Бирото за јавна безбедност при МВР во посета на Генералниот Секретар на Интерпол
-
Украинските падобранци заробиле 21 руски војник во Курск
-
Татко пријавил дека неговата ќерка била силувана од момчето со кое била во врска
-
НСЗПА со отворено писмо до директорот на Управата за извршување санкции Александар Пандов
-
Двајца повредени во сообраќајка на патот Велес-Градско, во близина на Караслари
-
Уставниот суд донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок
-
Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово