Групата што го изврши нападот во возот „Талис“, е одговорна и за нападите во Брисел и Париз
Осуетениот напад во експресниот воз „Талис“ на линијата Амстердам-Париз, што се случи во август 2015 година, бил извршен од истата група, што месеци подоцна спроведе терористички напади во Париз и Брисел, признал приведениот напаѓач Ејуб ел Казани пред француските иследници.
Ел Казани се качил во возот во Брисел. Во Франција тој отворил оган врз патниците, но бил неутрализиран од страна на американски војници кои патувале на одмор во Париз. Првично терористот изјави дека се обидел да изврши грабеж, бидејќи во возот патувале богати луѓе.
Кон крајот на инатата година Марокоанецот Ел Казани призна дека бил координиран од страна на Абделхамид Абауд - организаторот на нападите што се случија во Париз, есента 2015 година.
Со истрагата, досега е установено дека групата што ги изврши нападите во Париз, соработувала со напаѓачите кои го споведоа нападот во Брисел.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар