Група странски државјани уапсени во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија
Група странски државјани е уапсена во Полска под сомнение дека шпионирале за Русија. Јави Би-Би-Си повикувајќи се на локалните медиуми.
Шест лица се приведени под сомнение дека поставиле тајни камери за снимање на чувствителни инфраструктурни објекти кои се користат за доставување воена помош за Украина.
Радио станицата РМФ ФМ (RMF FM) јави дека оваа шпионска ќелија подготвила планови за саботажа и инсталирала десетици камери во близина на железничките јазли и важни транспортни рути во полската провинција Субкарпатија, што граничи со Украина.
Полските медиуми не го наведуваат потеклото на уапсените кои се осомничени за шпионажа. Неколку камери се пронајдени и во близина на мал регионален аеродром што е претворен во меѓународен логистички центар за испорака на воена и хуманитарна помош за Украина.
Овој аеродром се смета за многу чувствителен инфраструктурен објект што вооружените сили на САД го заштитија со противвоздушни ракетни системи Патриот.
Американскиот претседател Џо Бајден неодамна слета на овој аеродром на пат кон Киев, потсетува Би-Би-Си.
Ново на Сител
-
Андоновски: До јуни годинава ќе биде изработена Националната ИКТ стратегија
-
Трамп: Нуклеарното оружје е монструм што може да доведе до крај на светот
-
Поради сообраќајка на патот Ресен - Битола возилата се пренасочуваат по стариот пат
-
Израел ќе престане да испорачува струја за Појасот Газа
-
Во Албанија се очекува дијаспората да има влијание на изборите на 11 мај, за гласање регистрирани 246 илјади албански граѓани во странство
-
Мицкоски: „Никогаш повеќе“ не е само фраза, тоа е залог
-
Се запалил автомобил на Бит Пазар, нема повредени
-
20-годишен скопјанец нападнат по недоразбирање во сообраќајот