Група демократски конгресмени го повикаа Бајден да се откаже од кандидатурата за реизбор
Група демократски конгресмени го повикаа американскиот претседател Џо Бајден да се откаже од својата кандидатура за реизбор, иако претседателот е категоричен дека е подготвен да се врати на изборната патека следната недела за да се спротивстави на, како што вели, „мрачната визија“ за развојот на земјата, претставен од републиканецот Доналд Трамп.
Во моментов, Бајден останува изолиран во неговиот дом во државата Делавер, откако му беше дијагностициран Ковид-19. Претседателот инсистира дека може да го победи Трамп и се спротивставува на обидите на неговите сопартијци да го дисквалификуваат од кандидатурата.
Самиот Бајден рече дека говорот за прифаќање на Трамп на републиканската национална конвенција претставува „мрачна визија за иднината“. Во меѓувреме, тој рече дека планира да се врати на кампањата и инсистираше на тоа дека постои начин да се победи Трамп и покрај загриженоста на некои високи партиски членови.
-Заедно, како партија и како земја, можеме да го победиме на гласачките кутии, рече Бајден. „Влогот е голем, а изборот е јасен. Заедно можеме да победиме“, додаде тој.
Претходно, претседателката на неговата кампања, Џен Дилион, призна за пад на поддршката за претседателот, но додаде дека тој останува во трката.
Лекарот од Белата куќа Кевин О'Конор рече дека американскиот лидер се уште има сува кашлица и рапав глас, но неговата состојба се подобрува.
Во исто време, потпретседателката Камала Харис ги увери главните донатори на демократската кампања дека партијата ќе победи на изборите.
-Знаеме кој кандидат на изборите го става американскиот народ на прво место: нашиот претседател Џо Бајден, рече таа.
Ново на Сител
-
Бројот на заболени од грип во Струмица годинава речиси двојно поголем во споредба со истиот период лани
-
Намаленото ниво на езерото ги загрижи еколозите
-
Дрвокрадство во Прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни