Груевски: Времето ќе покаже каква реформска влада ќе има
Времето ќе покаже каква реформска влада ќе бидат. Јас велам дека ќе бидат антиреформска и времето ќе покаже што ќе направат, а знам дека ќе направат неспоредливо помалку од она што го направи ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Коментирајќи ја изјавата на генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски дека ќе им треба многу време да ги средат работите, Груевски рече дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 10 години направиле толку работи што СДСМ не може да ги направи макар да биде и трипати подолго на власт.
- Тие се уште не влегле во владата, а говорат сами за себе дека ќе биле реформска влада. Прво, тие од нас треба да научат што е реформска влада. Реформи се работи што се прават за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните и за решавање на проблемите. Сега засега од она што можам да го дознаам главната реформа ќе им биде промена на името на државата и на идентитетот, на Законот за јазиците и одредени работи коишто се зацртани во извештајот на Европската унија, коишто и ние ќе ги завршевме доколку формиравме влада, истакна Груевски по увидот во градба на новата зграда во која ќе бидат сместени 10 државни институции и ФДУ.
Тој додаде дека СДСМ не биле избрани од граѓаните на избори, туку дошле на сила на власт и со помош на надворешни притисоци и интервенции бидејќи ветиле работи коишто претходно ВМРО-ДПМНЕ не се согласила да ги заврши.
Според Груевски, СДСМ бара алиби за, како што рече, идното свое неработење и неспособност.
- Она што го говорат дека ќе им требало многу долго да ги средат работите е алиби за нивното неработење и неспособност за коишто се свесни, затоа што до вчера зборуваа дека ќе сме им оставеле празна каса, а кога слушнаа дека во Буџетот има 180 милиони евра ликвидност, престанаа да говорат дека ќе сме им оставеле празна каса, како што тие нам ни ја оставија во 2006 година. Сега почнаа да говорат дека долго време ќе им требало да ги поправеле работите коишто ние сме ги извршиле, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, владината програма на СДСМ е празна и без реално оставрливи ветувања.
- Тоа е класично оправдување за своето идно неработење, оправдување затоа што знаат колкави им се капацитетите, знаат дека програмата им е празна и без сериозни и крупни работи. Знаат дека со укинување на радиодифузната такса не се решава економската состојба на граѓаните, дека ветуваа работи коишто се нереални и дека масовно ќе се враќале граѓаните иселени од земјава, истакна Груевски.
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител