Груевски: ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори
Со ваков наш пристап, и со вакво СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ е сигурен победник на следните избори, кога и да се. Што порано - подобро, за да се скратат штетите на економијата, што всушност се директни штети врз грбот на народот, на невработените, сиромашните, компаниите и целото општество, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешното одбележување на 25-годишнината на Унијата на млади сили.
- СДСМ смета дека колку подолго има такви штети по економијата, дека тоа оди во нивна корист, во смисла дека луѓето ќе помислт дека оддеднаш сме заборавиле да ја водиме економијата како што ја водевме, па треба нив да ги одберат на избори. А штети има. Иако успеваме да ја држиме економијата со стабилен раст, факт е дека без оваа вештачки наметната криза, растот на економијата ќе беше поголем, и ќе имаше и повеќе инвестиции и вработувања и повисок стандард, плати, и заработка, што ќе го подобреше животот. Нашите опоненти, одговорот ќе го дадат граѓаните на следните избори. Колку подоцна се одржат, поголема ќе е казната кон СДСМ заради овие негови политики, Во наредните 4 или 10 месеци, како и да е, Македонија ќе стави крај на оваа политичка игра и политичка хајка. Избори ќе има, и довербата ќе ја добие повторно ВМРО-ДПМНЕ заедно со УМС како еден од клучните наши столбови, порача Груевски.
Ново на Сител
-
Уапсен 34-годишник од Албанија на „Блаце“, бил баран со потерница за трговија со дрога
-
Тешко повреден 25-годишник од Скопје, изгубил контрола и со моторот излетал од коловозот
-
Јон Фрчкоски: За грешките од минатото не се гордеам но нема да бидат товар за СДСМ, се повлекувам од позицијата во партијата
-
Дали тоа што го користи Јон Фрчкоски е кокаин, прашуваат од ВМРО ДПМНЕ
-
674 сообраќајни прекршоци во текот на вчерашниот ден на територија на цела држава
-
Вработен во УЈП му дојавувал на менаџер на казино кога ќе има контрола
-
ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик
-
Црвен крст: Исплатена помош на 58 семејства на починатите и на 99 на повредените лица во пожарот во Кочани