Груевски: СДСМ сака преку СЈО да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ
СДСМ сака да го ослабне ВМРО-ДПМНЕ и преку СЈО да внесат сомнеж кај граѓаните за чесноста на партијата вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во интервју за ТВ Нова.
-Тие не знаат да ја добијат довербата на граѓаните со реализација на проекти, одат на ослабнување на противникот. Не претрупаа со обвиненија за да губиме време, со цел да внесат сомнеж кај граѓаните за чесноста на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ кога владее, владее со притисоци и политички прогони. Го гледавме ова во 2002 годинина, а го гледаме и сега, изјави Груевски.
Тој смета дека новата Влада функционира без концепт.
- Иако е прекус прериодот да се даде генерална оценка за работата на новата Влада, но се забележува дека Владата на Зоран Заев работи без концепт, прават празни прес-конференции. Имаа многу ветувања, но нема реализација, вели Груевски.
На прашањето како е да се биде во опозиција и кои се плановите за во иднина, Груевски вели дека не е прв пат да се опозиција.
- Не ни е прв пат да сме во опозиција, знаеме како да се вратиме повторно на власт. Сега состојбата е подобра. Уживаме доверба кај граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ е во предност, победивме на изборите и состојбата е добра што не значи дека не треба да работиме. Довербата се заслужува со труд и резултати, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој истакна и дека во пратијата работат со полна пареа на подготовката за локалните избори.
- Активни сме на терен, посетуваме 1.000 села, градови, се подготвуваме за локалните избори, работиме на формирање нови комисии кои што треба да бидат ударната тупаница на ВМРО-ДПМНЕ, и да бидат пандан на државните институции. Имаме 25 комисии. Во процес сме на формирање на нов извршен комитет, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Зеленски: Преговарам за мега договор со Трамп
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци