Груевски од Македонски Брод: Излезете и гласајте масовно пред да биде предоцна
Излезете и гласајте масовно пред да биде предоцна. СДСМ во минатото беше на власт, пред да дојде ВМРО-ДПМНЕ. Се сеќавате добро, ништо не направија за Македонски Брод, еве и сега се 5 месеци на власт и повторно ништо не направија, ниту пак ќе направат, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
-Во времето кога ВМРО-ДПМНЕ влезе во Владата, во Македонски Брод имаше околу 990 вработени, сега има над 1.660 вработени лица во Македонски Брод. Тоа е ВМРО-ДПМНЕ и тоа ќе се обидеме да го продолжиме. Но, ни треба општина каде што ќе имаме градоначалник кој ќе им каже добредојде на инвеститорите, што сака да му дојдат инвеститори и да отворат нови работни места и луѓето да се вработат и затоа ни е потребен Милосим Војнески. Ние сега нашите капацитети ќе ги насочиме кон општините каде имаме градоначалници, рече Груевски и додаде:
„За учениците од прво до петто одделение ќе се обезбеди бесплатен и здрав оброк, за да имаат здрава храна и родителите да имаат помалку трошоци за храната на нивните деца. Општината Македонски Брод и Милосим Војнески ќе овозможат можности за граѓаните кои немаат сопствен дом и сакаат да стекнат, да може да си купат плац за куќа по симболична цена од 1 евро метар квадратен за земјиштето, а исто така ќе се укинат или драстично намалат трошоците за комуналии за овие категории на лица“.
Нудиме, потенцираше Груевски, концепт во кој нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, концепт каде што ќе има парк во секое маало.
-Предвидуваме реконструкција и изградба на локални патишта низ општината Македонски Брод, се планира и реконструкција на пречистителна станица, како и изградба на водоснабдителен систем во неколку населени места. Ветуваме и изградба на фекална канализација во неколку населени места, како и комплетна внатрешна и надворешна реконструкција во културниот дом во Македонски Брод.
Ново на Сител
-
Tема на денот со Владимир Божиновски
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Средба Мицкоски-Таравари за иднината на Алијанса во Владата
-
Партиите забрзано се подготвуваат за изборите
-
Сиљановска-Давкова: Изјавата на Ахмети е притисок врз судската власт
-
Четворица повредени од пожарот во Кочани кои беа на лекување во Турција цела вечер останале на аеродромот во Истанбул
-
СЗДСМ – Сите лица со дијабет тип 1 да имаат инсулински пумпи!
-
Претседателката: Обиди за бришење на македонскиот јазик во различни форми