Груевски: Нови вработувања на народот и подобри услови за живот
ЕУ, земјите членки на ЕУ и аспирантите за членство, мора да работат на заеднички економски проекти, на крупни инфраструктурни проекти кои ќе поврзуваат повеќе земји и ќе даваат, покрај економски, и политички бенефит кој ќе се гледа во придобивките од соработката, во хармонијата и релаксацијата на тензиите, на соработка на полето на инвестициите и надворешно трговската размена и на капиталните инвестиции, за да се потпомогаа постојано економскиот раст и БДП и да се обезбедат нови вработувања за народот, подобри услови за живот и повисок стандард. Ние тоа го можеме и ние тоа треба да го направиме, истакна премиерот и либер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во обраќањето на Конгресот на Европската народна партија што денеска и утре се одржува во Мадрид.
Граѓанинот на Европа, рече Груевски, треба да остане центар на нашиот интерес како најдобра гаранција за почитување на принципот на индивидуалност.
- Ние треба да продолжиме да создаваме амбиент кој ќе обезбеди услови за развој на индивидуалниот потенцијал во секоја општествена сфера, на промоција на приватната иницијатива, на претприемништвото, на стекнувањето на знаења и вештини кои ќе го направат поединецот конкурентен и подготвен за сестран развој, посочи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во обраќањето на Конгресот на ЕПП.
Ново на Сител
-
Македонија и ЕУ со безбедносно партнерство
-
Тема на денот со Трајан Ангелоски, претседател на ССК
-
Клуч на врата за неколку институти во земјата
-
Шекеринска избрана за Заменик генерална секретарка на НАТО
-
Украина го искористи оружјето на САД
-
Тензична расправа во Собранието за Предлог буџетот за 2025 година
-
Падна одлука: Од следниот месец повисоки плати за сите вработени во здравството
-
Бизнисот бара брзи пруги и патишта, Владата вети – ќе градиме!