Груевски најави уште најмалку 3 нови странски инвестиции во следниот период
Инвестицискиот циклус ќе продолжи и работите се правилно поставени. Македонија создаде услови за правење биснис кои се меѓу најповолните во светот. Влеговме во група на земји со најповолни услови за правење бизнис, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во вестите на Сител.
-Финишираме со разговорите и со други компании. Со една американска компанија во делот на автомобилска индустрија, која доколку се се разврши како што треба ќе отвори најмалку 400 нови работни места со можност тие да стигнат до 1.000. Кон крај сме со разговори и со една друга меѓународна компанија која изравботува софтвери за автомобилската индустрија и која во наредните недели би можело да објави инвестиција со најмалку 150 работни места. Имаме и друга за софтвер со 200 работни места, но и од други индустрии, посочи Груевски.
Тимот, вели Груевски, рабити компактно и она што на граѓаните им било ветено се реализира.
Тој потсети на трите фабрики кои минатата недела ги потпишаа договорите за инвестирање во Македонија.
-Џонсон Контролс бараа во ТИРЗ Струмица локација за која веднаш до нив ќе има можност за проширување. Иако, тие не кажале, ваквото барање укажува на тоа дека компанијата има долгорочни пчанови и дека можеби во иднина плара да отвори и трета фабрика во Македонија и да ги прошири капацитетите. Ван Хул се презадоволни од условите, потенцираше Груевски.
Ново на Сител
-
Едно лице со употреба на сила го одзело накитот на 37-годишна жена на Бит Пазар
-
Јавниот превоз во Скопје за продлжениот празничен викенд по неделен возен ред
-
МОН и универзитетите работат на три нови закони за да се задржат студентите во земјава
-
Онкологот Мери Пешевска призна вина во случајот „Онкологија“
-
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти
-
Украина започна постапка за забрана на Украинската православна црква поради врски со Москва
-
Сончево и топло до крајот на неделава
-
Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“