Груевски: На следните избори кога и да се, СДСМ ќе загуби, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата
На следните избори, кога и да се, СДСМ ќе загуби, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата, и тоа посилно од она што ќе го добиеше сега, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во мега интервјуто за Телеграф.мк.
Кога работат луѓе политички мотивирани, јас сум им главниот таргет како претседател на партијата која СДСМ повеќе од 10 години не може да ја победи. Еден куп луѓе ќе малтретираат и веќе малтретираат за да ги заплашат или заглават, па да ги користат како лажни сведоци против мене. Ќе следат прес-конференции на кои ќе се пењават да ме прикажат како зол човек, криминалец, недемократ, измамник и слично. Ќе пробаат со сите методи. Нема да успеат. Напротив, ќе постигнат спротивен ефект. Прочитани се. Еден ден ќе се срамат од тоа. И пак на следните избори, кога и да се, СДСМ ќе загуби, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата, и тоа посилно од она што ќе го добиеше сега, потенцира Груевски.
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта