Груевски: Македонија го осудува терористичкиот напад во Париз
Премиерот Никола Груевски по повод терористичките напади во Париз испрати писмо со сочувство до францускиот премиер Мануел Валс.
- Со згрозеност ја примив веста за терористичките напади на Париз, во кои животот го загубија голем број на лица и каде има голем број на повредени и во овие тешки мигови на тага на пријателскиот француски народ, дозволете ми да изразам сочувство на семејствата на жртвите на овој варварски и антицивилизациски чин, а на повредените да им посакам брзо закрепнување, наведува премиерот во писмото.
Додава во писмото дека мислите и молитивите на македонските граѓани се со францускиот народ.
- Република Македонија остро ги осудува и се спротивставува на секаков вид на терористички напади и стои рамо до рамо со Франција и со нашите сојузници во борбата против тероризмот, со кој сите се соочуваме, се наведува во писмото со сочувство.
Според премиерот нападите во Париз се напади врз целото човештво, врз мирот и слободата и врз принципите и вредностите кои ги живееме. - Тероризмот, пишува во писмото, не смее и нема да победи. Потребни се заедништво, солидарност и одлучност во напорите за елиминирање на оние сили кои шират терор и насилство и кои се закана за секоја држава.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител
-
Дурмиши: И владината кошница ќе брои 4 члено семејство и ќе биде пореална од онаа на ССМ
-
Признание за Самарџиев