Груевски: Како лидер на најголемата партија имам одговорност да му помогнам на народот, затоа сум на терен
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека чувствувал одговорност, како лидер на најголемата партија во земјата и како човек со искуство, да излезе на терен по катастрофалното невреме и поплавите што го зафатија скопскиот регион.
- Јас сум претседател на најголемата политичка партија во Република Македонија, којашто на последните избори доби 480.000 гласови, во кампања и во избори кои лично ги предводев како претседател на таа партија. Имам одговорност покрај тоа што имам искуство во вакви ситуации, да помогнам, да излезам на терен со сето мое знаење, капацитет и искуство што сум го стекнал досега, да не седам пасивен и да бидам тука со идеи и со предлози и со се што можам и на начин на којшто можам да помогнам, рече Груевски во интервју за ТВ Сител.
Доколку не координирав и не излегов на терен, како што кажа Груевски, критиката ќе беше зошто не сум излегол и не сум помогнал, ако излезам и помогнам, зошто сум излегол и помогнал. - Тоа е секогаш така со нашата опозиција и со медиумите блиски до нив, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека се вклучил директно да помогне, како и илјадници други луѓе на кои им се заблагодари за тоа што го прават, како и на компаниите кои помогнаа со механизација и разни машини.
- Јас и моите соработници од ВМРО-ДПМНЕ се трудевме максимално да ги поттикнеме, да ги мотивираме луѓето да излезат. Моето директно вклучување во расчистување на куќи, дворови и подруми беше и еден вид повик и другите да го прават тоа, изјави Груевски.
Ново на Сител
-
Фон дер Лајен: Илегалните имигранти да се депортираат во центри надвор од ЕУ
-
Сиљановска Давкова: Жените од руралните средини се хероините на кои треба да им се восхитуваме
-
Бербок: Берлин е за укинување на едногласноста во ЕУ, но додека тоа не се случи, Скопје мора да ги почитува компромисите
-
Финансиската полиција со кривична пријава против едно лице до ОЈО Радовиш за несовесно работење во службата
-
Полицијата го расчисти случајот со пукањето во Чаир, приведени четири лица
-
Defender на џез авантура – Ексклузивен спонзор на Скопски џез фестивал
-
Лекарската комора ќе го разгледува извештајот за починатото бебе во Скопје
-
За една недела пет нови случаи на пертусис на ниво на Центар за јавно здравје Куманово