Груевски: Гласот даден за малите коалиции е глас за Заев и СДСМ
Ова се избори на кои граѓаните имаат две алтернативи - СДСМ и коалицијата со нивните деструктивни политики, договарање со разноразни криминално-разузнавачки структури, пазарење со државните и националните интереси и давање нереални ветувања на граѓаните. Имате и втора алтернатива, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ - со се она што правевме и што ќе го правиме, им порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на жителите на струмичко Вељуса.
Посочи дека со добро обмислена и реална програма излегува во пресрет на најприоритетните барања на граѓаните и дека ВМРО ДПМНЕ е партија која секогаш исполнувала и повеќе од ветеното. За малите партии и малите коалиции рече дека се наменски направени од Зоран Заев, како што рече, „истиот сценарист што ни го прави ова во изминатите две и пол години“.
- Нивната цел е да одземат гласови од ВМРО-ДПМНЕ, да го ослабнат и со тоа да ја зајакнат позицијата на СДСМ. Секој што гласа за помалите партии и коалиции треба да знае дека не само што нема да имаат пратеник и потоа ќе ги снема, треба да знае дека гласа за Зоран Заев и за СДСМ кои овие две и пол години ги прават сите манипулации и хаос, зацртале цели да се витка кичмата, да се воведува двојазичност на цела територија, да се менува Уставот, да се прават кантони. Не ни требаат такви работи. Затоа на овие избори и Заев, и неговите сценаристи, и оние помалите коалиции треба да претрпат историски најголем пораз и да види сценаристот дека во оваа држава има мудар народ, рече Груевски.
Додаде дека Заев си го потценил народот, но дека народот знае се, го дигнал гласот, а тој глас, рече Груевски, ќе се чуе во недела со масовна поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ и казнување на СДСМ и помалите коалиции.
Ново на Сител
-
Руската армија тврди дека неутрализирала 31 украински дрон
-
Одложено судењето за „Шпански скали“
-
За прв пат од 2004 година, ниту Ѓоковиќ ниту Надал нема да бидат во четвртфиналето во Рим
-
Главчев и Радев по инаугурацијата на Сиљановска-Давкова: Договорите мора строго да се спроведуваат
-
МНР: Да се почитува Договорот од Преспа - со Грција развивме високо ниво на политички дијалог
-
Реулаторна ќе објави нови цени на горивата
-
Почувствуван земјотрес во Хрватска
-
Мицотакис: Провокативна, незаконска и недозволива иницијатива од новата претседателка на Северна Македонија