Груби: Охридскиот договор е камен-темелник на сите демократски достигнувања
Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска упати честитка по повод 21 година од потпишувањето на Охридскиот мировен договор.
-Пред 21 година, со потпишувањето на Охридскиот мировен договор во земјава, конечно ќе почнеше да исчезнува маглата од идеологиите на омраза, надмоќ, дискриминација, деструктивни предрасуди за здравата перспектива на иднината што ја зафати нашата земја, посочува Груби во честитиката.
Денес, како што потенцира Груби, сите сведочиме за револуцијата на прогресивна трансформација што овој правен акт ја предизвика во регулирањето на државата преку воспоставување на неопходните вредности на мир, еднаквост, консензуална демократија и социјална кохезија.
Според него, Охридскиот мировен договор е камен-темелникот на сите демократски достигнувања на земјата, вистинскиот одговор на повиците за еднаквост, иницијатор на поглавјето на нашето европско патување, штитот на нашата непоколеблива прозападна определба.
-На овој голем ден за историјата на земјата, доволно е да размислиме за реалноста за да го разбереме големото влијание на овој документ што не ни дозволи да потонеме во бездната. Никој не изгуби од еднаквоста, напротив, подобро ги запознавме меѓусебните вредности и во соживот успеавме да се интегрираме во НАТО, да напредуваме значително на патот на интеграцијата во Европската унија со започнување на преговарачкиот процес. Нека бидат вечна инспирација годишнините од Охридскиот договор! Честитки за сите, посочува Груби.
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид