-->
-->
Грозданов: Навивачите на ФК Шкендија направија штета од над 70 илјади евра на Филип Втори
-->
По повод настаните и однесувањето на навивачките на ФК Шкендија на финалето од националниот фудбалски куп со ФК Работнички на 16. Мај денеска прес конференција одржа Генералниот Директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката, Цветко Грозданов на која обелодени за штетите направени на Националната Арена Филип Втори за време и по натпреварот:
„ Финалето како голем настан се одржа на Филип втори но фрли голема црна дамка врз македонскиот фудбал. По мечот остваривме контакт со ФФМ и побаравме ставање на крај на хулиганското однесување со кое се уништува државен имот. Штетата направена на стадионот од овој меч инесува над 70 000 евра. Искршени се повеќе од 300 столчиња, уништени е гардеробата, ве-цеата, инсталација, тавански плафони и тартанот на атлетската патека кој по овие настани воопшто не е во употреба. Апелирам вакви нешта да не се повторат.

Покрај ова доставивме и официјална претставка до ФФМ со барање оние клубови кои ќе го сквернават државниот имот повеќе да не играат на „Филип Втори.
Исто така јавно го повикувам МВР и министерот Спасовски полицијата во следните настани повеќе да се ангажира и да помогне во арената за безбедно напуштање на стадионот од страна на навивачите. Овој пат се случи 2-3000 навивачи да се симнат на теренот и да дивеат уништувајќи го тревникот и тартанот.

Од ФФМ и комесарот за безбедност ќе побараме одговор како е дозволено да се внесат над 500 пиротехнички материјали кои се употребени и фрлени долу на теренот.
Врз основа на безбедносните камери ФФМ ќе бараме да подигне обвиненија против поединци поради нанесување материјална штета над државниот имот“- изјави на прес конференцијата Грозданов.
Првиот човек на претпријатието кое стопанисува со „Филип Втори“ ги повика медиумите да помогнат за регулирање на навивачките групи и ставање крај на хулиганското однесување. Истовремено Грозданов најави иницијатива за донесување закон со кој најстрого ќе се казнува хулиганското однесување по примерот на западните земји каде секое влегување на терен се санкционира со затворски казни од 3-5 години.




-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Над 20 осомничени
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Бектеши сеуште во полициска станица
-
Мицкоски: Само 12 ноќни клубови легално работат во државата, се ќе затвориме
-
Расте бројот на повредени во дискотеката во Кочани кои се хоспитализираат
-
Во 9 странски држави хоспитализирани повредени од пожарот во Кочани