Свет
1. July 2016 - 12:26

Гројсман: Украина следните десет години ќе стане членка на ЕУ

Украина ќе биде дел од Европската унија во следните десет години, изјави денеска премиерот на таа држава Володимир Гројсман.

Тој порача дека Украина и понатаму силно верува во Унијата и покрај одлуката на Велика Британија да го напушти блокот.

Гројсман во изјава за германската медиумска група ВАЦ вели дека Укриана ја гледа својата иднина на Запад.

- Убеден сум дека Украина во ЕУ ќе биде во следните 10 години, изјави Гројсман.

Тој додаде дека таа држава се движи во европски правец и тоа за Украинците значи „слобода, човекови права и силна економија“.