Грковска на молитвениот појадок во Вашингтон
Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење во техничката Влада, Славица Грковска, од денеска е во посета на Соединетите Американски Држави, каде ќе присуствува на традиционалниот молитвен појадок што ќе се одржи утре во Вашингтон.
Како што соопшти владината прес-служба, во рамки на посетата на САД, Грковска ќе има средба и со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, како и со Брус Шварц, заменик-помошник на Јавниот обвинител на САД. Предвидени се средби и со високи претставници на Меѓународната програма за лидерство на Стејт Департментот и на Бирото на УСАИД за демократија, човекови права и управување.
Грковска во Вашингтон ќе учествува на безбедносен форум посветен на штетното кинеско и руско влијание на Балканот, а на посебен настан на Универзитетот Џон Хопкинс, со аналитичарот Едвард Џозеф ќе дискутира на тема „Зошто е толку тешка борбата против корупцијата во мојата земја“.
Ново на Сител
-
Иран жестоко го нападна Тел Авив, Израел најавува одмазда
-
Левица инсистира на надзорна расправа во Собранието за трагедијата во Кочани
-
Европскиот фронт смета дека треба да разговара за одговорност за трагедијата во Кочани
-
Земјотрес во Охрид и околината
-
Оружјето низ историјата-раритетна изложба во штипски „Безистен“
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со доктор Катерина Мирчовска, директор на кочанската болница
-
Со владиниот авион ќе бидат евакуирани македонците кои се наоѓаат во Израел