-->
-->
Гризман: Се надевам дека ќе го кренам пехарот во ЛШ
-->
Најдобриот стрелец на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман изјави дека освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите за него е остварување на сонот.
Гризман со Атлетико во сабота, на „Сан Сиро’’ во Милано, го очекува финалниот меч во ЛШ против градскиот ривал Реал.
„Освојувањето на Лигата на шампионите е остварување на мојот сон. Се надевам дека ќе имам можност викендов да го кренам во раце трофејот. За да ми се исполни овој сон, ќе мора сите заедно да вложиме многу труд и да го дадеме последниот атом од себе’’, изјави Гризман, за официјалната интернет страна на УЕФА.
Французинот потврди дека сите во Атлетико се максимално подготвени и мотивирани да му се реваншираат на Реал за поразот во финалето 2014 година, која популарните „јорганџии’’ ги делеа секунди од освојување на шампионскиот трофеј.
„Мораме да бидеме сконцентрирани секоја секунда, секоја минута. Едноставно, мораме да го дадеме својот максимум како и на сите натпревари до сега. Нашата шанса за успех ќе биде поголема доколку први постигнеме гол’’, дополни Французинот кој сезонава во ЛШ за Атлетико постигна 7 од шеснаесетте голови во елитното натпреварување.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска