Гринфилд: Украина нема да стане монета за поткусурување во преговорите со Москва за Сирија
Амбасадорката на САД во ОН, Линда Томас-Гринфилд, синоќа изјави дека нема да дозволи Украина да стане монета за поткусурување во преговорите со Москва, а во контекст на можното продолжување на испораките за помош во Сирија преку Турција.
– Нема да дозволиме ситуацијата во Украина или ситуацијата во Сирија да се употребуваат како монета за поткусурување, изјави Линда Томас-Гринфилд, а пред почетокт на преговорите на Советот за безбедност на ОН за испорака на помош за Сирија.
СБ на ОН има мандат за прекугранична испорака на помош за Сирија кој истекува на 10 јули. Русија е против продолжување на операцијата со напомена дека таа го нарушува суверенитетот на Сирија и дека таква помош треба да се доставува директно во земјата.
За да се прифати продолжување потребно е гласање на резолуција со девет гласови „за“ и отсуство на вето. Во СБ на ОН има 15 членови, од кои пет, САД, Велика Британија, Франција, Кина и Русија се постојани со право на вето.
Ново на Сител
-
Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до државите кои помогнаа по трагедијата во Кочани
-
Мостот на Вардар кај Башино Село повторно пуштен за сообраќај
-
Мицкоски и Филипче утре на средба во Владата
-
Пронајдена дрога на работното место кај полицаец од Охрид
-
Сиљановска-Давкова: Секое дете може да дојде до израз ако му се даде шанса
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја