Грешки кои ги правиме при чистењето - Ако сакате домот да ви блеска прочитајте го ова
Сите знаеме колку е мачно чистењето по дома, но најчесто колку и да се трудиме да го светнеме домот, постојат грешки кои ги прави секој од нас.
НЕ ГИ ЧИСТИМЕ ГРЕАЛКИТЕ И КЛИМА УРЕДИТЕ
Таму верувале или не се крие голема количина на прашина. Сите кога чистиме не им обрнуваме внимание, па прашината од нив паѓа и на другите исчистени предмети. Нареден пат, пребришете ги и овие уреди.
БРИШЕМЕ ПРАШИНА НА СУВО
На овој начин со сува крпа наместо мокра, прашината само се разнесува и наталожува од еден предмет на друг и всушност ништо не сме направиле.
СПРЕЈОВИТЕ ЗА ПОЛИРАЊЕ МЕБЕЛ ГИ НАНЕСУВАМЕ ДИРЕКНО НА ПРЕДМЕТИТЕ
Вака само ризикувате да направите мрсни слоеви на мебелот. Тие слоеви подоцна само ќе навлечат повеќе прашина.
ЗАБОРАВАМЕ ДА ГО СМЕНИМЕ ФИЛТЕРОТ НА ПРАВОСМУКАЛКАТА
Ова е многу важно за хигиената, па затоа наместо да ја чувате ќесата нечиста бидејќи на тој начин таа не се задржува во правосмукалката туку лета низ воздухот, исчистете ја и заштедете си го времето кое потоа повторно ќе го потрошите за чистење.
Ново на Сител
-
Евростат: Цените во Европа паѓаат
-
Батлер кариерата ќе ја продолжи во Голден Стејт
-
Колумбискиот претседател вели дека кокаинот „не е полош од виски“
-
Во текот на ноќта регистрирани 22 земјотресa над четири степени во близина на Санторини
-
Во Србија повикуваат на нов петдневен бојкот на трговските синџири, некои ги зголемија цените дополнително
-
Дојави за бомби во училишта во Загреб
-
Министерот Муцунски во посета на Австралија
-
Без струја делови од Карпош, Чаир, Чучер Сандево и Аеродром