-->
-->
Грениер победи на женскиот велеслалом во Крањска Гора
-->
Втора година по ред Канаѓанката Валери Грениер е победничка на велеслаломската трка за Светскиот куп во алпско скијање на патеката во Крањска Гора.
На 60. издание на „Златната лисица“, второто место во женскиот велеслалом го освои Швајцарката Лара Гут – Бехрами, заостанувајќи зад победничката 37 стотинки, додека на третото место се пласираше Италијанката Федерика Брињоне со заостанување од 51 стотинка.
Водечката во генералниот пласман Американката Микаела Шифрин ја заврши денешната трка на деветтото место.
Шифрин ја задржа предноста во генералниот пласман со 929 бодови, додека во поредокот во велеслалом води Брињоне со 460 бодови.
Утре на програмата во Крањска Гора е женскиот слалом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски