Бизнис
7. April 2017 - 19:50

Грејната сезона ќе продолжи и по 15 април

Грејната сезона ќе биде продолжена до први мај ако температурите останат ниски.

Според најновиот извештај на УХМР, следните денови се очекува тие да паднат и утринките да бидат и до три степени под нулата. Ако  ваквите температури се задржат скопјани може да имаат греење и по 15 април кога и официјално завршува грејната сезона. Тоа го дозволува и правилникот за снабдување со топлинска енергија во кој стои дека ако температурите  и по зваршувањето на сезоната се 12 или пониски компанијата има обврска да го остави греењето.

Фактурите  ќе се исорачуваат како и до сега според утврден цена согласно правилникот на регулаторна. А во мај јуни и јули домаќинствата ќе добијат порамнети сметки.

Од БЕГ посочија дека се повеќе граѓани се приклучуваат  на мрежата. Од почетокот на минатата година до сега над 2000 домаќинства потпишале договор за користење на градското парно, од кои половина се потрошувачи кои претходно го исклучиле. Приклучокот и натаму е бесплатен.

Нова корекција на цената се очекува да има дури во август кога претходно регулаторната комисија за енергетика ќе ги разгледа пресметките на трошоците  на  Балкан енерџи.

Последен пат парното  поевтини лани и тоа за 11 отсто како резултата на намалувањето на цената на природниот гас и нафтата на светските берзи.  Тогаш се донесе одлука порамнување на сметките наместо два пати да се прави еднаш во годината, а греењето се продолжи за еден час плус.