-->
-->
Грција врати во Турција 76 илегални имигранти
-->
Грчките власти вратиле во Турција 76 илегални имигранти, во рамките на постапката за реадмисија согласно договорот меѓу ЕУ и Анкара, склучен минатиот петок, објави весникот „Нафтемборики“.
Според весникот, станува збор за 40 лица од Пакистан, 11 од Бангладеш, шестмина од Мароко, седум од Алжир и еден од Тунис, додека останатите 11 биле турски државјани.
Грчката полиција прецизира дека од 1 јануари, па досега, според предвидените одредби во протоколот за реадмисија меѓу Грција и Турција биле вратени вкупно 673 илегални мигранти (226 од Пакистан, 31 од Бангладеш, 268 од Мароко, 144 од Алжир и четворица од Тунис), а во согласност со договорот меѓу ЕУ и Турција биле вратени вкупно 22 турски државјани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдена дрога во Скопје, приведени повеќе лица
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи